Тошта излегува од притвор поради влошена здравствена состојба

by fokus

На Александар Јаневски Тошта, кој е обвинет за обидот за убиство на Зијадин Села му се заменува мерката притвор со куќен притвор, потврдија од Кривичниот суд.

– Кривичниот совет на Основниот суд Скопје го уважи предлогот на одбраната на А.Ј. за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор и по правосолноста на решението тој ќе излезе од затворот „Шутка“, велат од судот.

Укинување на мерката притвор е поради тоа што на последното судско рочиште на Јаневски му се слоши, по што беше пренесен во болница. Барањето на адвокатот е поткрепено и со здравствена документација за влошената здравствена состојба на Тошта.

Јаневски е меѓу обвинетите за обидот за убиство на Зијадин Села при упадот во македонското Собрание на 27 април минатата година.

Поврзани новости