Тошковски разреши началници од СВР Штип и ОВР Кочани

by Fokus

Министерсвото за внатрешни работи денеска разреши седум началници во СВР Штип и ОВР Кочани, поради трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

Министерот Панче Тошковски донесе одлука за разрешување на: началникот на секторот за внатрешни работи во Штип,помошникот началник на СВР Штип, началникот во одделението за полиција Штип, началникот на одделението за криминалистичка полиција на одделението за внатрешни работи во Кочани, командирот на полицијата за општа надлежност во Кочани, началникот на надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Поврзани новости