Тортевски, Џанго и Давидовиќ во трката за нов претседател на Адвокатска комора

by fokus

Петмина адвокати се во игра за претседателското место во Адвокатската комора на Македонија откако му истече мандатот на Никола Додевски, кој често го застапуваше Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ во судските процеси.

Според кулоарите во трката за нов претседател на адвокатите ќе влезат Љубомир Михајловски-Џанго, Александар Тортевски, Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Звонко Давидовиќ. Додевски не е заинтересиран за нов четири годишен мандат.

Како најсериозен кандидат се спомнува Михајловски, кој е поранешен припадник на МВР, а беше и министер за внатрешни работи од СДСМ до 2006-та, пишува „Телма“. Изборот ќе се одржи во Струга

Поврзани новости