Тортевски: Депортацијата на Грујевски и Бошковски ќе се случи брзо

by fokus

Грција е добро запозната со обиненијата за Грујевски и Бошкоски. Депортацијата во Македонија ќе се случи брзо, предвидува  во интервју за телевизија 24 , адвокатот, Александар Тортевски.

– Во случајот проблемот се комплицира затоа што Грујевски и Бошкоски веќе имаат извршени кривични дела на територија на Република Грција. Сите знаат дека се обиделе со фалсификувани пасоши да излезат од Грција. Тоа ќе ја комплицира постапката, меѓутоа може и да ја поедностави- вели Тортевски.

Според него, веќе во среда може да се направи спогодба и да бидат предадени на македонските органи.

Поврзани новости