Топлотен бран деновиве, во четврток и петок „пекол“

by Fokus

Топло време со натпросечни температури кои ќе достигнат и до 41 степен, се очекуваат од утре во следните денови, а за денеска попладне има најава за пороен дожд со грмежи и засилен ветер.

Од УХМР информираат дека од утре во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Температурата во повеќе места ќе биде над 35 степени.

Најтопло ќе биде во четврток и петок кога температурата на места ќе надмине 40 степени и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.

Утре температурата ќе се движи од 32 до 40 степени, во четврток и петок од 34 до 41 степен, сабота од 33 до 40 степени, недела од 32 до 39 и во недела од 31 до 38 степени.

Поврзани новости