„Топлик“ и „Тендери“ нови истраги на СЈО

by fokus

Во моментот од Специјалното јавно обвинителство информираат дека отвориле две истраги, поради основано сомневање за оштетување на државниот буџет. Првата истрага се однесува на проектот „Сончев град“, при што постои сомнеж дека бил оштетен буџетот за над 1,4 милиони евра. Злоупотребата, како што тврдат од СЈО, била извршена во Министерството за транспорт и врски.

-Mеѓу 3.4.2007 до 18. 2. 2013 во Скопје првоосомничениот – раководно службено лице од Министерството за транспорт и врски и пет соизвршители ја злоупотребиле службената положба, свесно се согласиле со штетната последица и нанеле штета на државниот буџет во износ наде 1 милион евра, истакна Фетаи.

Како што појасни обвинителката, првооснованата комисија за јавно наддавање на Министерството за транспорт и врски не прифатила да изврши јавна продажба на градежно земјиште, за изградба на населбата Сончев Град. Тогаш се формирала втора комисија која, според Фетаи, ја спровела нелегалната продажба на државно градежно земјиште, по што израелската фирма која била заинтересирана за овој проект одбила да го реализира проектот.

-По ова Сан Сити побара обесштетување и затезна камата од 1 милион евра. Овие пари Министерството за транспорт ги исплати на Сан сити“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Втората истрага, пак, именувана како „Тендери“, се однесува на проектот „Скопје 2014“.

Поврзани новости