Топлификација бара обвинителството да го реши случајот со лажниот стечај на ТЕ-ТО

by Фокус

Комисијата за заштита на конкуренцијата, која го вршела отписот на даночниот долг на ТЕ-ТО во висина од 24 милиони евра, да ја преиспита одлуката од минатата година, а обвинителството во најкраток можен рок да го потврди кршењето на Законот за трговски друштва и да се стопира стечајната постапка на Топлификација.

Ова го побараа од Здружението за заштита на акционерите од Топлификација, од каде сметаат дека владата сака да ја уништи фирмата со незаконскиот стечај на ТЕ-ТО во 2018 година.

Од таму се пожалија дека се оштетени со 40 милиони евра и дека вкупниот кумулативен долг кон државата со таа одлука изнесува околу 200 милиони евра.

-Единствено решение за да ТЕ-ТО не плаќа долгови, а да не се повреди планот за реорганизација на ТЕ-ТО, во таа стечајна постапка се наоѓа соломонско решение да му даде државата државна помош на ТЕ-ТО, во форма на одлагање на даночните обврски за 2018 и 2019, за 9 години – рече Димитар Хаџи-Мишев, директор на Топлификација.

 

Поврзани новости