Тони Цетински за Тоше: Ти си ангел на добрината!

by Fokus
Утре се навршуваат 13 години од трагината несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, во која животот го загуби македонската поп-икона Тоше Проески на само 26 години.
Хрватскиот пејач Тони Цетински, кој беше голем другар со нашиот Тоше, преку социјалните мрежи испрати емотивна порака за Проески.
„Утре некаде во ова време не напушти физички, но само физички брате мој. Не можам да верувам колку и ден денес недостасуваш и колку ни е се уште тешко дека прерано си замина. Животот навистина не е фер. Ме прашуваш каде сум и што правам?
На улица нормално и ужасен е дождот, но твојата насмевка е надеж која во денешната чудна и зла доба е толку потреба. Ќе биде се во ред додека те имаме тебе кој не чува со својата присутност, песните и се што добро остави на оваа планета. Ти си ангел на добрината. Те сака твојот брат!“, напиша Цетински.

Поврзани новости