Тони Трајковски ми рече да ги исклучам телефоните, изјви Фијат Цаноски

by fokus

Во кривичниот суд во Скопје, продолжи доказната постапка во предметот на специјалното јавно обвинителство, „ТНТ“.

Денеска на судењето, присутните во судницата ја гледаат видеоснимката од надзорната собраниска комисија при Комисијата за транспорт, врски и екологија од октомври 2011 година.

На снимката се гледа дека на почетокот на седницата, пратеникот, Јани Макрадули, се јавува процедурално и порачува дека реагира на забраната која ја издал Жарко Денковски, генералниот секретар на Собранието, да се прави директен ТВ пренос од надзорната собраниска расправа за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“, пренесува „Макфакс“.

 

Фијат Цаноски, најпрво го прашува обвинетиот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, дали е точно дека на средба со него му рекол дека се’ е легално.

На наредната средба, Трајковски му побарал на Цаноски да ги исклучи телефоните и му рекол дека за уривањето има наредба: „Ми рече да ги тргнам телефоните и дека има наредба од горе“, рече Цаноски во судот.

Поврзани новости