Тони Михајловски се враќа на екраните со забавно шоу

by fokus

Актерот и водител Тони Михајловски по подолга пауза се враќа на малите екрани со забавно шоу. На ТВ Алфа наскоро ќе започне да се емитува неговата музичко забавна емисија ,,Опуштено”, која за разлика од минатото, ја водеше со својот колега Део, а сега тој ќе биде единствениот водител кој ќе ги пречекува гостите.

Како музичка поддршка во емисијата се најавени Нина Јанева и Славиша Кибровски.

,,Опуштено” беше една од најпопуларните емисии и прекина да се емитува пред околу пет години. Гледачите имаа можност да ја гледаат на МРТ1, Сител и поранешна А1.

Засега нема детали околу новиот концепт на шоуто, кое ќе се емитува на ТВ Алфа секој петок со почеток од 22.30.

Вики Клинчарова

Поврзани новости