Томас Норберт Герберих е нов германски амбасадор во Македонија

by Fokus

Шефот на државата Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Сојузна Република Германија, на Република Перу и на Република Белорусија.

Новиот амбасадор на Германија во земјава Томас Норберт Герберих вели дека евроатлантското приближување на Македонија ќе се забрза, доколку на реформите им се пристапи решително.

– Можам да Ве уверам дека Германија во овој поглед ќе Ве поддржува како искрен и доверлив партнер, му рече на претседателот Ѓорге Иванов на денешно предавање на акредитивите – истакна новиот германски амбасадор.

Иванов пак, верува дека е крајно време за европските институции да покажат дека го слушаат гласот на регионот и ги ценат и вреднуваат напорите што се покажуваат за евроатлантската интеграција.

– За жал, досегашниот пристап и од Унијата и од Алијансата, предолгиот status quo во интеграциите, не само што не вроди со резултат, напротив имаше значаен негативен ефект во вкупните состојби во Република Македонија. Длабоко сум уверен дека стабилноста и безбедноста на Македонија и на нашиот регион, недвосмислено се одразува и на стабилноста и безбедноста на Европската унија. Република Македонија заслужува да ги отпочне преговорите за пристапување во ЕУ и да ја добие поканата за членство во НАТО без натамошно одложување. Подготвени сме да го преземеме својот дел од задачата за иднината на Европа – истакна Иванов.

Поврзани новости