Том Круз преку ноќ „порасна“ 15 сантиметри!

by fokus

Холивудскиот актер Том Круз во Лондон се појави на црвениот тепих на премиерата на филмот ,,Топ ган – Маверик”, а друштво му правеа принцот Вилјам и неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон. Но, она кое веднаш го забележаа и го коментираа светските медиуми е неговото ,,растење” преку ноќ.

Имено, Круз кој е висок 170 сантиметри, изгледаше значително повисок од Кејт, чија висина е 175 сантиметри, а таа носеше и високи потпетици на настанот.

Приказните за големата болка на актерот, дека не може да се помири со својата висина, па на јавните појавувања носи чевли специјално дизјанирани за него, со скриена подигната пета, повторно се актуелизираа.

-Тој си ги носи своите штикли, се дел од коментарите под објавата на британскиот водител Пирс Морган, дека ударна вест е што Кејт е повисока од Круз.

И во минатото често се пишуваше дека Круз многу пати поради своите 170 сантиметри. Тој беше во брак три пати, а сите негови сопруги беа повисоки од него, па редовно ги носел своите посебни чевли кои му додавале неколку сантиметри плус.

Неговата прва сопруга Мими Роџерс била шест сантиметри повисока од него, Никол Кидман дури десет, а пак Кејти Холмс, пет сантиметри.

Вики Клинчарова

Поврзани новости