Тодоров: Со договорот се отвора можност за кредибилни избори

by fokus

Се отвора можност да се организираат кредибилни избори на кои ќе учествуваат сите и на кои народот ќе одлучи кому ќе му ја даде довербата, изјави Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ откако партиите денеска се договорија за спорнитее прашања.

-Се уште не е прецизно утврден датумот. Датум ќе одредиме само кога ќе сме сигурни дека тој датум ќе е прифатлив за СДСМ и дека ќе излезат на избори, да не ни се случи повторно како минатиот пат да бараат одложување, рече Тодоров.

Како што рече тој, сега ќе се видило дека Избирачкиот список цело време бил како што треба, а СДСМ го користела само како алиби за да избега од избори.

Поврзани новости