Тодоров: Следува викенд за партиски собири и трибини

by fokus

По протесниот марш на опозицијата на 11 Октомври, владејачката партија видендов ќе организира тридневен партиски собир во салата „Борис Трајковски”.

Никола Тодоров, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави низа настани што партијата ќе ги реализира во наредните неколку дена.

-Наредните денови ќе имаме партиски настани, собири и трибини, на кои ќе се дискутира за нашите проекти, постигнувања, но и за генерални политики. Ова ќе биде викенд на отчетност и на реални проекти и дела – рече Тодоров.

Свое обраќање и дискусии, како што посочи тој, овие три дена ќе имаат политичари од ВМРО-ДПМНЕ, но и експерти и луѓе од други општествени сфери.

Поврзани новости