397
По протесниот марш на опозицијата на 11 Октомври, владејачката партија видендов ќе организира тридневен партиски собир во салата „Борис Трајковски”.
Никола Тодоров, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави низа настани што партијата ќе ги реализира во наредните неколку дена.
-Наредните денови ќе имаме партиски настани, собири и трибини, на кои ќе се дискутира за нашите проекти, постигнувања, но и за генерални политики. Ова ќе биде викенд на отчетност и на реални проекти и дела – рече Тодоров.
Свое обраќање и дискусии, како што посочи тој, овие три дена ќе имаат политичари од ВМРО-ДПМНЕ, но и експерти и луѓе од други општествени сфери.