Тодоров: Имаме проект „Ало докторе!“

by Фокус 08:39
08:39

Министерот за здравство и носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица Никола Тодоров најави дека во партиската програма има 79 проекти коишто се однесуваат на здравството, од кои го издвои проектот „Ало докторе!“.

– Планираме да ангажираме десетина доктори и десетина медицински сестри, коишто ќе бидат телефонски достапни за сите граѓани на Република Македонија 24 часа. Да можат да им помагаат на граѓаните кога станува збор за не толку сериозни здравствени состојби за коишто може да се побара совет и усно од лекар, особено во вечерни часови и за време на викенди. Доколку не станува збор за сериозна состојба, докторот може да помогне, а доколку е сериозно докторот од другата страна на линијата ќе даде совет да се јави болниот на лекар – изјави Тодоров и објасни дека овој систем се користи во многу земји и дал резултати.

Бенефитото од „Ало докторе!“, според Тодоров, би бил во тоа што граѓаните што не се сериозно болни ќе добијат совет по телефон и нема да создаваат метеж во болничките ходници.

Поврзани новости