Тодор Петров му спрема протест на Коѕиас за заштита на името

by Fokus

Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес организираат мирен протест во врска со посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, кој ќе се одржи денеска пред Министерството за надворешни работи.

Организаторите велат дека имаат подготвено транспаренти и потсетуваат на црвената линија за името.

„Сме биле, сме и ќе бидеме Македонци и Македонија! Името на државата е идентитетот на нацијата! Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес бараат безусловен крај на разговорите за државното име Македонија и безусловно и итно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија!“, велат организаторите.

Поврзани новости