ТМРО: Коалиција со албанската платформа ќе биде национално предавство

by fokus 14:42
14:42

Заедничката платформа на ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците претставува уцена, оцени партијатаТМРО и ги повика сите политички партии на Македонците да ја отфрлат оваа платформа за заеднички влез во владата..

-Таканаречената aлбанска политичка платформа за учество во сегашна или идна македонска влада, за ТМРО е уцена до македонскиот народ и македонската држава со јасна провокативна божиќна порака, или двојазична федерација или војна. Дадените политички координати од Тирана го отвораат и правото на реципроцитет помеѓу овие две држави за малцинствата- стои во соопштението на партијата.

Од таму велат дека впуштање во какви било политички калкулации со ваква платформа од која било македонска партија е национално предавство.

Поврзани новости