ТМРО бара воена населба од Сарај до Групчин

by Фокус

Воените населби за припадниците на армиите и нивните семејства не треба да се прават во централните градски подрачја, туку Македонија треба да го примени израелскиот модел и да гради целосно урбанизирани воени населби во пограничните региони, соопшти ТМРО.

„На тој начин ќе се обезбеди реална човечка заштита на границите, во нашиот случај северозападната, која реално е незаштитена, а воена населба во делот од Сарај до Групчин е повеќе од потребна“, сметаат од партијата на Ванчо Шехтански, која е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Министерството за одбрана го почна проектот „АРМ мој вистински дом“, а наскоро ќе биде поставен камен темелникот на првата зграда од 32 стана во Скопје.

Поврзани новости