Тито Петковски: Не сакаме премиер обвинет за криминал!

by Фокус 13:55
13:55

Лидерот на НСДП, Тито Петковски, денеска им честита на граѓаните што на овие избори храбро излегоа и во огромен број го дадоа гласот за здружената опозиција.

– За кандидатите на опозицијата за промени гласале 400 000 граѓани. Ако на оваа бројка се додадат и гласовите на останатите партии кои настапуваа опозициски се добива бројка од околу половина милион граѓани кои јасно ја изразиле својата воља за промена на власта. Но за жал и овој пат нивната воља беше изманипулирана. Груевски не покажа ни грам почит спрема овие граѓани. Токму затоа НСДП како дел од опизицискиот фронт целосно стои зад ставот дека оваа власт перманентно спроведува државен изборен фалсификат. Злопотребувајќи ги институците на системот власта насилно ја менува вољата на граѓаните и на тој начин им прави ненадоместива штета на македонскиот народ и на државата во целина – рече Петковски.

- Advertisements -

Со оглед на фактот дека на оваа диктаторска власт, вели Петковски, не и е потребна опозиција во Парлементот што ќе и пречи во спроведување на политичкото насилие, а во недостиг на механизми на заштита од надласување, НСДП (и здружената опозиција) им го отстапува Парламентот на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ да ја водат Македонија онаму каде намислиле да ја однесат.

– Груевски сега има историска шанса од Македонија да направи „Швајцарија на Балканите“ како што говореше неговиот идеолошки татко Ванчо Михајлов. Ние не сакаме да бидеме дел од тоа сценарио и нема да му служиме како алиби на Груевски и на Ахмети во донесувањето закони со кои ќе го променат Уставот, со кои ќе продолжи макединскиот пат во неизвесност, ќе се зациментира застојот во евроатланските аспирации на Македонија, и ќе продолжи егзодусот на Македонците. Но, сакаме да ве увериме дека во никој случај нема да дозволиме Никола Груевски неказнето да излезе од криминалната афера што ја отворивме пред изборите. Македонија нема да биде европска држава додека не стане правна држава. Ние не сакаме државата да ја води Премиер обвинет за криминал за посредување, мито и даночно затајување – изјави Петковски.

НСДП го повика Јавниот обвинител да не ја замајува јавноста со измислени причини заради кои не сака да покрене истрага и веднаш да започне процедура пред органите на прогонот онака како што тоа го правеле претходно кога станувало збор за нивните политички противници.

Поврзани новости