Тито Петковски единствен кандидат за лидер на НСДП

by fokus
Централниот одбор на НСДП на денешната седница одлучи како единствен кандидат за претседател на партијата да го утврди досегашниот претседател, Тито Петковски.
Од партијата соопштуваат дека на сденешната седница се донесени повеќе одлуки во пресрет на Четвртиот Конгрес на партијата кој ќе се одржи на 13 мај во Скопје.
„Централниот одбор на НСДП, како дел од конгресните документи, на седницата го утврди Извештајот за работата на НСДП помеѓу Третиот и Четвртиот Конгрес и ја усвои Предлог-Програмската платформа за делување на партијата во наредните четири години. Во однос на изборот на новите раководни органи на партијата, како и нивниот состав кој ќе биде предложен пред делегатите на Конгресот, Централниот одбор на НСДП врз основа на доставените предлози од општинските организации за предлог-кандидат за Претседател на партијата го утврди Тито Петковски“, велат од НСДП.
Од таму додаваат дека бројот на делегати кои ќе учествуваат на овој редовен Конгрес на партијата ќе изнесува 500.

Поврзани новости