Тирана бара одговорност за вчерашното скандирање на Мечкин Камен

by fokus

Албанското министерство за Европа и надворешни работи остро ја осуди „употребата на јазикот на омраза и антиалбанските расистички извикувања“ на вчерашното одбележување на Илинден на Мечкин Камен со надеж дека ваквите недолични однесувања ќе останат само изолиран случај.

– Веруваме дека ова е однесување на една мала група луѓе поттикнати од екстремни националистички чувства и се надеваме дека таквите инциденти кои вклучуваат етничка омраза ќе останат изолирани. Министертвото за Европа и надворешни работи на Албанија ги повикува одговорните институции да спроведат истрага против поттикнувачите на насилство и да ги изведе пред лицето на правдата, стои во реакцијата на Министертвото.

Се додава дека Албанија и Албанците се и ќе бидат постојано пријатели на Македонија.

– Ние веруваме во вредностите на соживот, во хармонија и соработка меѓу нашите земји и нашите граѓани, се наведува во реакцијата на Министертвото за Европа и надворешни работи на Албанија.

Поврзани новости