„Тинекс“ го доби етно-селото во Нерези

by Фокус

Со етно-селото „Македонско село“ во Нерези во наредните 20 години ќе стопанисува компанијата „Тинекс“, која е во сопственост на семејството на некогашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, одлучи Владата. „Тинекс“ победи на тендерот на кој освен оваа компанија беше пријавен и  хотелот „Квинс“, кој е во сопственост на „Тинекс.“

Ова компанија во наредните години ќе раководи со етно-селото, а за тоа ќе плаќа месечна кирија од 3.500 евра. Проектот е замислен како музеј под отворено небо, а досега Владата не успеваше да најде компанија која ќе стопанисува со етно-селото, откако во октомври компанијата „Тренд“ се откажа од менаџирање со „Македонско село“.

Поврзани новости