Tинејџери удриле во ограда на бензиска и се превртеле, еден завршил во болница

by fokus

Двајца тинејџери се повредени откако со автомобил марка „Фолксваген голф“ удриле во заштитна ограда од бензиска пумпа и се превртеле на магистралниот пат  Градско – Прилеп, информираат од полицијата. 18-годишник, кој бил сопатник во возилото, бил потоа хоспитализиран во кавадаречката болница.

„На 25.06.2018 година околу 01.30 часот на магистралниот пат  Градско – Прилеп патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(19) од населбата Градско удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот. Во незгодата со повреди се здобил сопатникот Ѓ.Ѓ.(18) од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци“, информираат од МВР.

Поврзани новости