Тимоние: Ратификација на Истанбулската конвенција за справување со семејно насилство

by fokus

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние вчеравечер приреди прием за собирање донации за Организацијата за жени на Град Скопје во француската резиденција.

Според Тимоние, насилството врз жените и семејното насилство е сериозен проблем и потребен е политички ангажман во справување со него. Тој изјави дека чекор во вистинска насока би било ратификувањето на Истанбулската конвенција, која има нулта толеранција кон ова насилство.

„Република Македонија ја потпиша оваа конвенција донесена во 2011та година, но се уште не ја ратификува. Бројот на жртви на семејно насилство кои бараат засолниште е се поголем. Тие бараат засолниште во Шелтер центарот каде работат исклучиво стручни лица и се надевам дека овој пример ќе поттикне и други кои ќе не поддржат во нашата работа“, изјави претседателката на ОЖС, Тонка Дилевска.

Таа додаде дека очекува соработка со новата министерка за труд и социјална политика, со што ќе се овозможи примена на конвенцијата.

Поврзани новости