Тимоние: Очекувам наскоро да се формира новата влада и да се продолжи со ефикасни реформи

by fokus

Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, во изјава за весникот Коха, вели дека очекува наскоро да се формира новата влада и да продолжи со консолидација на реформите кон европскиот пат на земјата.

“Се надевам дека новата влада ќе биде формирана наскоро, и да продолжи со ефикасни и кредибилни реформи, како и да се консолидира европскиот пат на земјата. Судството, борбата против корупцијата, реформите во образованието и развојот на економијата треба да бидат главната задача на новата влада “, вели Тимоние за Коха.

Запрашан дали Франција или ЕУ имат фаворизирана партија која треба да формира ново парламентарно мнозинство, Тимоние истакна дека во демократскиот систем делувањето е отворено, но според него треба да се создаде ново мнозинство засновано на програмата.

“Демократскиот систем е отворен и мора да се создаде мнозинство базирано на програма и принципиелен пристап за враќање на довербата на луѓето во институциите”, изјавил Тимоние.

Поврзани новости