Тимоние на средба со Бејта: Македонија да стане држава на граѓаните

by fokus

На Македонија и е потребно формирање влада во најскоро време, истакна амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоније на денешната средба со градоначалникот на општина Гостивар и потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта.

Амбасадорот Тимоние нагласи дека Франција ја поддржува Република Македонија, како и сите процеси во развојот на демократијата и пристапување во Европската унија.

Тимоние и Бета разговарале за политичката состојба во земјава и истакнале дека е неопходно што посокоро формирање влада.

-Државата не е во состојба на криза, но ние како амбасада, сепак сме на став дека не треба да се губи време при формирањето влада. Посакуваме вашата земја да биде стабилна и да напредува во правец на воспоставување на демократски вредности и дека ќе стане држава на граѓаните. Важно е да преовладува мир и да нема конфронтации, бидејќи во спротивно сите би изгубиле, изјави амбасадорот Тимоние.

Домаќинот на средбата, Невзат Бејта, го потврди ставот дека формирањето на влада е неопходно да се случи во поскоро време, која, како што рече, треба да биде прифатлива за мнозинството граѓани во нашата држава.

Поврзани новости