Тиквешијата мирно гласа

by fokus

Гласањето на референдумот во Тиквешијата се одвива мирно и без проблеми. Во Кавадарци до 11 часот излегле 2.547 гласачи, односно 7,91 проценти од запишаните избирачи. Таму се гласа на 59 избирачки места.

Во Неготино излегле 1.298 гласачи, односно 8,17 проценти од гласачите. Отворени се 28 избирачки места.

Во Демир Капија има 11 избирачки места, а гласале 314 лица, односно 9,34 проценти од гласачите.

Во Росоман има 10 избирачки места, а до 11 часот гласале 175 лица, односно 5,23 проценти од гласачите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости