Тијаго Силва кариерата ја продолжува во Милано?

by fokus

Бразилскиот дефанзивец од редовите на ПСЖ, Тијаго Силва се поизвесно е дека ќе го напушти тимот наредното лето.

Според француските медиуми, тој не планира да го продолжи договорот со клубот, а почнаа шпекулации околу негово враќање во Милан, во кој тој играше три сезони.

Исто така, за него е заинтересирана Рома, но тимот од Милано е во мала предност, со оглед на изјавите на Тијаго Силва дека „Милан е голема љубов за него и дека повторно еден ден ќе го носи дресот на овој тим“, а и самото раководство на тимот размислува да го ангажира Силва наредното лето.

Поврзани новости