Теута Арифи: Јазикот не беше проблем во преговорите со ВМРО – ДПМНЕ

by fokus

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи во интервју за емисијатa 360 степани  на Алсат-М, изјави дека од ВМРО-ДПМНЕ го прифатиле предлог законот за албанскиот јазик, но дека договор не бил постигнат по прашањето за реформите во судството.

Според Арифи, тоа е главната причина за раскинување на долгогодишната коалиција помеѓу овие две партии.

„Прашањето на јазикот не беше проблем на непостигнување на договор за коалицирање со ВМРО, исто како што немаше проблем за да се постигне договор и за да се надминат со СДСМ. Мислам дека проблем беа други прашања кои се поврзани со реформите во земјата и реформите во правото“, изјави Арифи.

ДУИ на маса постави четири точки за кои не се преговара, прашањето на албанскиот јазик, прашањето за СЈО, и интеграции во ЕУ и НАТО.

Таа смета дека ДУИ како една сериозна партија, според бројот на пратеници кои ги има, треба да преземе одговорност за реформите и евроатлантските процеси.

Поврзани новости