Тетовските средношколци нема да одат на настава додека Општината не преземе мерки против загадувањето

by fokus

Тетовските средношколци денеска излегоа на протест пред Општината, која, велат, е глува пред потребата на грѓаните за чист воздух. Тие бараат итни мерки за справување со аерозагадувањето. Доколку Општината за седум дена не започне со краткорочни и долгорочни мерки, најавија блокирање на наставата.

Со транспаренти и пораки тие денеска посочија дека загадувањето во Тетово ги крши рекордите и дека смртноста поради загадениот воздух постојано расте. Според научно истражување што го презентираа, 38 процентни од смртните случаи во Тетово на годишно ниво се поради загаден воздух.

Во протестот учестуваа средношколци од македонските паралелки, но не беше посетен како што се очекуваше. Учениците се пожалија дека деновиве врз нив се вршеле големи притисоци и дека им се затворале врати во училиштата. Поради тоа денеска не отишле на училиште, туку директно на протест.

Поврзани новости