Тетово и Центар со екстремна загаденост

by Фокус

Во скопските општини во текот на ноќта концентрациите на ПМ10 честичките во воздухот достигнаа до 835 микрограми на метар кубен. Во Центар максималната концентрација е измерена во три часот од 537 микрограми, во Лисиче 835 во 22 часот, кај Ректорат 623, во Гази Баба 490 микрограми и во Карпош 322 микрограми на метар кубен.

Во Тетово се измерени 828 микрограми во 23 часот.

Поврзани новости