Тетовец се степал со полициски службеници откако му укажале наредба да застане

by Fokus

Тетовецот У.И. е приведен во полициска станица во Тетово, откако синоќа нападнал полициски службеници, кои му укажале наредба да застане. Истиот бил совладан и против него ќе биде преземена соодветна мерка.

„На 14.09.2018 година во 23,35 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ при превземање мерки од страна на полициски службеници односно по укажана наредба да застане, У.И. (38) од Тетово физички  нападнал двајца полициски службеници. У.И. бил совладан и приведен во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости