Тетовец се бори за живот откако со „БМВ“ удрил во бетонски ѕид

by fokus 16:05
16:05

Педесет и четиригодишен тетовец се бори за живот откако со „БМВ“ излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Сообраќајката се случила вчера утрото во село Долно Палчиште.

-Од ударот И.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово, од каде како итен случај во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде бил задржан на лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово, информираат од МВР.

- Advertisements -

Поврзани новости