Тетовец градел бесправно, па доби кривична пријава

by Fokus

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Пријавениот, во текот на годинава на ул.„ Д.Г.Кара“ во Тетово, во својство на инвеститор, на две катастарски парцели сопственост на Република Северна Македонија извршил изградба на монтажен објект, со што го проширил деловниот објект со вкупна површина од 48 метри квадратни, без да има соодветна дозвола од надлежен орган, односно одобрение за градба, информира Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости