Тетовец запалил оган за скара и предизвикал пожар

by fokus

Полициски службеници го уапсиле 44-годишниот Ф.Н. од Тетово кој предизвикал пожар во атарот на тетовското село Лисец откако сакал да запали скара. Настанот се случил вчера попладне околу 13.15 часот.

„Полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ф.Н.(44) од Тетово. Околу 12.00 часот, на наведеното место, запалил оган за скара, кој се проширил, зафаќајќи површина на сува трева. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости