Тестови за ковид на приватно во ИЈЗ по цена од 1.850 денари

by fokus

Граѓаните на кои им треба резултат од тест поради патување надвор од земјава, или пак сакаат да се тестираат за Ковид-19 на приватно, можат да го закажат тестирањето на телефонскиот број 075 276 132, информираат од Институт за јавно здравје.

Терминот се закажува секој ден од 8.30 до 14 часот, а цената на тестовите е 1.850 денари.

Оваа услуга, односно телефонско закажување за приватни тестирања и тестирања за сертификат за патување во странство за SARS-CoV-2 со PCR метода во Институтот за јавно здравје е достапна од вчера.

Целта е да не создаваат гужви, посебно сега во период кога бројот на новоинфицирани секојдневно расте, а резултати ќе се подигаат секој ден од 18 до 20 часот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости