Тешко повредено дете однесено на клиника-непознато лице го турнало додека си играло

by Frosina Fakova

Тешко повредено дете на возраст од 11 години  вчера попладне околу 18 часот било донесено во Комплексот клники „Мајка Тереза“.

Во болница било кажано дека детето било повредено во сообраќајна несреќа како пешак во скопската населба Чаир. Но, полицајци излегле на местото на настанот и утврдиле дека не се случило сообраќајка, туку детето од скопски Сарај, било турнато додека играло на Пластичарска.

Според полицајците, непознато лице го турнало детето кое при падот се здобило со тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости