Тешко повредени двајца полицајци по напад од дрвокрадци

by Фокус

Двајца полицајци од СВР Велес се потешко повредени вечерва кај велешкото село Степанци, откако биле нападнати од дрвокрадци, пренесува batali.net

Еден од полицајците има отворена повреда на главата, од челото кон тилот, а другиот има затворена повреда на стомак.

Повредените полицајци веднаш се пренесени во велешката болница, а повеќе информации се очекуваат во утрешниот ден.

Поврзани новости