Тешко повреден работник во фирмата на Анѓушев, „Брако“

by fokus 10:51
10:51

Вработен во „Брако“ вчера утро се здобил со тешки телесни повреди додека работел на машина за обработка на жица.

Од СВР – Велес вчера  околу 09.00 часот во ДПТУ „Брако“ – погон клинчара, додека лицето Ѓ.Д.(41) од Велес работело на машина за обработка на жица истиот бил вовлечен во машината и приклештен од жицата по што машината автоматски престанала со работа.

- Advertisements -

Како што појаснува портпаролот Верољуб Додевски, по настанот лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во ЈЗУ Општа болница – Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и повредниот работник бил пренесено на лекување на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Поврзани новости