Тешко повреден пешак по удар од автомобил

by Фокус

Патничко моторно возило “Сеат Толедо“ со скопски регистерски таблици управувано од С.К.(60) од Скопје вчера во 8 часот удрило во пешакот Р.М.(67) од Скопје на булеварот Македонско-косовска бригада.

Како што информираат од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен бил увид, се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости