Тешко повреден е седумнаесет годишен мотоциклист по судар со БМВ во Штип

by Фокус

Вчера попледна на булеварот ЈНА во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Јамаха ФЗ-6“, управуван од 17-годишно лице од Штип и патничко моторно возило “БМВ Х-3“ со штипски регистерски таблици, управувано од А.К.(27) од Штип.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила А.К., констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип“, соопштија од МВР.

Поврзани новости