564
За да имаме функционална држава, избори мора да се одржат час поскоро, истакна денеска првиот човек на владејачката СДСМ, Зоран Заев.
„Тешко ни паѓа на сите од бројките. Реалноста вели дека колку повеќе се отвораме, бројките ќе бидат присутни и со нив ќе живееме. Бројки ќе има исти или слични и после еден месец или после пет месеци. Мора да имаме димензија како дневно функционираме. Час поскоро да се оди на избори. Уште денеска и утре е денот за разговор, правам се за да се постигнат договори. Но, тоа не смее да биде на штета на граѓаните и државата“, додаде Заев.