Тешка сообраќајка во Скопје, повреден мотоциклист

by Fokus

Вчера попладне се случила тешка сообраќајка, во која бил повреден мотоциклист кој веднаш бил префрлен во ГОБ „8 Септември“, велат од МВР.

„На 31.03.2021 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кивеј“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(46) од Скопје и патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (53) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.

Поврзани новости