Тешка сообраќајка во Маџари, загина велосипедист

by Fokus

Велосипедист го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа во 01.30 часот се случила на ул.„Маџари“.

Патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.А.(58) од Скопје, информира МВР.

Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Поврзани новости