Тешка сообраќајка меѓу две товарни возила, тешко повреден е едниот возач

by Фокус 11:07
11:07

На регионалниот пат Градско-Прилеп вчера попладне се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со кавадаречки регистерски таблици управувано од Р.А. (41) и товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од И.А.(48) од скопско Арачиново.

„По незгодата двајцата возачи и сопатникот од возилото „Мерцедес“ М.Ј. (50) од Косово, со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Градската болница-Прилеп каде од страна на лекар кај И.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а со повреди се здобиле и другиот возач и сопатникот“, стои во билтенот на МВР.

- Advertisements -

На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Поврзани новости