Тешка сообраќајка кај Свети Николе

by fokus

41-годишен жител на Свети Николе се здобил со тешки телесни повреди, откако со својот мопед се судрил со патничко моторно возило, пренесуваат од МВР.

„На улица „Ангел Трајчев“ во Свети Николе, вчера во 13.20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат толедо“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од Ј.Ѓ. (57) од Свети Николе и мопед „Баотијан“, управуван од Г.Т.(41) од Свети Николе. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Т., кој по укажана лекарска помош во Здравствена установа Свети Николе е препратен во Медицински центар Штип. Извршен е увид на местото на настанот.“

Поврзани новости