Тешка сообраќајка кај Струмица, загина 19-годишна девојка

by fokus

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа, што се случи околу 4:20 часот на патот Струмица-Радовиш, кај крстосницата за селото Радичево, информираше Вернер Стоилов од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

Како што информираат од СВР Струмица во сообраќајката загина 19-годишната С.Т. од Струмица, а возачот Ф.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Во несреќата учествувале автомобил „Фолксваген шаран” со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило „ДАФ” со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т. (44) од Радовиш.

Во извлекувањето на загинатиот и повредениот од автомобилот учествувале шестмина пожарникари и едно противпожарно возило со употреба на хидроулична алатка.

Поврзани новости