Тешка сообраќајка кај „Стража“, повредени се две момчиња

by Fokus

Вчера вечерта две момчиња биле повредени откако доживеале сообраќајна незгода на превојот „Стража“, информираат од МВР.

„На 12.02.2023 во 22.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на превојот „Стража“, патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.У.(22) од с.Поповјани, кичевско, излегло од коловозот и удрило во заштитна ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Н.(19) од Кичево, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево“, велат од МВР.

Поврзани новости