Тешка сообраќајка кај Могила, шест лица повредени

by Fokus

Вчера попладне се случила тешка сообраќајна незгода кај клучката Могила, во која повредени биле шест лица, велат од МВР.

„На 22.11.2022 во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат, кај клучка Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(54) од Прилеп и патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(21) од Битола.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т.(56) од Битола, сопатник во патничкото возило, констатирани во Градската болница Прилеп. Додека со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото – З.З.(54), С.А.(54), П.С.(57), Б.К.(66) и Н.Н.(56), сите од Битола. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп“, додаваат од МВР.

Поврзани новости